САТЈА САИ БАБА ЗБОРУВА ЗА ШИВАРАТРИ
Напор – Тоа е главната работа, тоа е неодминливата задача за сите смртници. Дури и оние кои го негираат Бога денес, ќе дојде ден кога ќе чекорат по аџискиот пат, топејќи ги нивните срца во солзи од мака. Ако вложите и најмал напор да напредувате по патот на ослободувањето, Господ ќе ви помогне стократно. Шиваратри ви ја пренесува таа надеж. Месечината, е божество кое владее со човечкиот ум. После полната месечина таа се намалува, додека на четиринаесеттиот ден од полната месечина, таа е само мал срп од блескав сјај. Умот се држи за овој свет само со една аспект. Тој мора да биде изгладнет во таа состојба, за човекот да се ослободи. Поминете ги сите денови со Шива и освојувањето на умот е лесно! Поминете го четиринаесеттиот ден од опаѓачката месечина со Шива, достигнувајќи ја кулминацијата на духовниот напор во тој последен ден, и успехот е ваш. Затоа сите Чатурдаси (четиринаесетти денови од темната половина на секој месец) се нарекуваат Шиваратри (ноќи на Шива); затоа Чатурдаси на месецот Мага се нарекува Маха Шиваратри.
Ова е ден на посебна посветеност на Шива, и бидејќи толку многу од вас овде и на други места му се молат на Шива, Јас го создавам Лингамот за сите вие да ја примите благодатта и блаженството на големиот момент на Лингодхбава (појавување на Лингамот).
Трите очи на Шива се очи кои го откриваат минатото, сегашноста и иднината. Шива сам ги има сите три. Кожата од слон со која е препашан е само симбол за елементарните примитивни особини кои Неговата благодат ги уништува; ги прави немоќни и безопасни; всушност, ги кине на парчиња, ги прави неефикасни. Неговите четири лица ги симболизираатнМир, Шаантам, Жестокост, Рудрам, Добра Среќа, и решителност (Мангалам и Утсаахам. На овој начин, додека го обожувате Лингамот, сфатете ја внатрешната смисла на многуте атрибути на Шива. Така, медитирајте за Шива денес, за да се ослободите од последните трајни остатоци на заблудата.
Не ми кажувај дека не ти е гајле за тоа блаженство, дека си задоволен со заблудата на овој лажовен свет и не си подготвен да се подложиш на строгоста на несоницата. Вашата основна природа, верувајте ми, ја мрази оваа досадна, мрачна рутина на јадење, пиење и спиење. Бара нешто што знае дека го изгубила – Шаанти (внатрешно задоволство). Таа бара ослободување од ропството на тривијалното и привременото. Секој копнее по тоа во своето срце. Го има само во една продавница – Контемплација на највисокото Јас, основата на целиот овој појавен свет.
Кога ќе го сфатите Шивохам (јас сум Шива), тогаш ја имате сета среќа, сета поволност што може да постои. Шива не треба да се бара на врвот на далечен планински венец или на некое друго посебно место. Сигурно сте слушнале дека гревот и заслугата се својствени за делата што ги прават луѓето; исто така, Шива е вроден во секоја мисла, збор и дело, бидејќи Тој е енергијата, моќта, интелигенцијата што е зад секое од нив. Шива се обожува со трилисната Билва, бидејќи, Тој е иманентен во трите света, во трите временски периоди, во трите атрибути на природата. Тој ги отстранува трите видови тага; Тој нема основа надвор од Себеси; Тој е извор на блаженство; Тој е олицетворение на слаткоста и ефикасноста на нектарот. Бидејќи секое суштество ја има природата на Шива (Шива-Сварупа) – бидејќи без Шива, тоа е само „Шава“ (труп) – човекот треба да живее за да ја постигне таа божествена состојба.
Љубовта ги зближува луѓето; омразата ги раздвојува. Не можете да бидете среќни кога на другите им предизвикувате несреќа. Бог опсипува со благодат кога се спроведуваат деветте чекори на посветеноста (Бхакти). Учителите или владетелите може да се придобијат со истите средства – пожртвуваност, љубов, предаденост и посветеност на патот на должноста. Кога успехот се постигнува со немир и насилство, тој ќе продолжи само со дополнителни немири и насилства.
Затоа, ова нека биде лекцијата на Шивараатри за вас: Шива е во сите суштества и во сите нешта. Тој е внатрешен мотиватор. Бидете свесни за ова секогаш; никому не предизвикувајте болка, не повредувајте и не навредувајте никого, не му наштетувајте на неговата самопочит. Сакајте ги сите подеднакво, негувајте толеранција и ширете братство!
(Извадоци од различни говори на Сатја Саи Баба)
✨✨✨
